Црвениот крст во соработка со општина Кисела Вода, утре во салата на Советот на Општината од 11 до 15 часот ќе спроведе крводарителска акција.

Локалната самоуправа ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.