Во општината Бутел ќе се гради нова поликлиника, која навистина многу им недостига на граѓаните. Многумина од нив сѐ уште се лекуваат во старата амбуланта сместена во барака, а некои се упатуваат во поликлиниката „Чаир“ или во другите поликлиники во градов. Изградбата на поликлиниката во општината Бутел е одобрена од Владата.
– Поликлиниката во целост ќе биде сервисирана од Владата и се надевам дека за брзо време почнуваме со градба. Средствата ги имаме. Во меѓувреме со Министерството за здравство разговараме за опциите каде би се лекувале и прегледувале граѓаните, додека се гради поликлиниката – вели Велимир Смилевски, градоначалник на општината Бутел.