Во недела на 27 август без електрична енергија во период од 08:00 – 10:30 часот ќе бидат корисниците од – Макпетрол Идризово, Мак лифт, Мајами, Идризово, дел од Кадино, Мралино, Дрма и Пивар во општина Гази Баба.

Во понеделник, пак, без струја од 09:00 – 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „Борис Сарафов“ и дел од ул. „Драгувити“, во општина Ѓорче Петров, а во период од 08:00 – 09:30 часот дел од корисниците од ул. „Славејко Арсов“, од број 5 до број 30, во општина Центар.