ЈП „Комунална хигиена“ на улиците Антон Попов, Народни херои и Димо Хаџи Димов, на местото на старите оштетени контејнери постави нови.
Покрај ова, работниците на јавното претпријатие извршија целосно расчистување на одложените отпадоци надвор од контејнерите, а го измија и асфалтот/павер елементите под и околу истите.

И по ова, општината во соработка со градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи да создава чиста и зелена околина.

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани, отпадот да не го одложуваат на јавните површини, туку во поставените контејнери.