Заштитната опрема се делеше на најфреквентните локации

Во Општина Кисела Вода изминатиов викенд беа поделени 500 заштитни маски, ракавици и летоци со пораки за заштита од ковид-19.
– Градоначалникот Филип Темелковски, волонтери од Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и полициски службеници од Одделот за превенција при полициската станица Кисела Вода, на најфреквентните локации, на граѓаните им поделија 500 заштитни маски, ракавици и летоци со пораки за заштита од ковид-19.

Општината, благодарение на одличната соработка со Црвениот крст и припадниците на полицијата, досега во корист на граѓаните има спроведено повеќе активности – информираат од Општина Кисела Вода.
Од оваа скопска општина за побрзо надминување на сегашната состојба со вирусот, уште еднаш ги потсетуваат граѓаните да се придржуваат до препораките на Владата.