Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнува со втората фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци.

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива во вторник и среда, во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне во среда, а ќе трае до сабота.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.