Инклузивното игралиште во дворот на ОУ „Живко Брајковски“, кое Град Скопје го направи во соработка со Општина Бутел, денеска  скопскиот градоначалник Петре Шилегов го пушти во употреба.

– Пред десетина дена во Општина Бутел отворавме сензорска соба, а денеска го пуштаме во употреба инклузивното игралиште чиишто реквизити се соодветни за користење од децата со и без попреченост – нагласи Шилегов.

Игралиштето се простира на површина од 720 квадратни метри и е инвестиција вредна околу 3.900.000 денари дадени од Градот, а партерното уредување од околу 1.500.000 денари го обезбедила Општина Бутел.

– Ги охрабрувам и градоначалниците на другите општини да влегуваме во вакви заеднички реализации на проекти коишто се битни и покажуваат дека секој во нашиот град е важен – рече Шилегов, кој потсети дека исто инклузивно игралиште Град Скопје направи и во Карпош, а тоа беше пуштено во употреба претходниот викенд.