Комуналната служба на општината Аеродром, во соработка со екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, започна со акција за расчистување на кејот на реката Вардар. Акцијата почна од средата, а екипите расчистуваат на потегот од мостот „Близнаци“ во Ново Лисиче кон улицата Тодор Чангов. Кејот на реката Вардар се расчистува од смет и дива вегетација, но се коси и тревата на брегот. Во акцијата се расчистува рачно и со употреба на механизација. Во овој дел од општината кејот беше обраснат со трева, запуштен и непривлечен за вечерни прошетки покрај реката.
Од општината Аеродром информираат дека активностите за почисти јавни површини продолжуваат и во наредниот период.