Депонијата што беше направена покрај булеварот Трета македонска бригада и го нагрдуваше тој дел од Општина Аеродром сега е претворена во парковска површина. Просторот од 2.500 квадратни метри, кој беше неуреден, темен и полн со ѓубре, сега е прекрасно уреден нов урбан парк, комплетно опремен со потребната урбана опрема, клупи за седење, канти за ѓубре, патеки поплочени со павер-елементи и осветлување.
Како што велат од Општина Аеродром, паркот е приспособен за сите генерации и сега е одлично место за дружење и рекреација на аеродромци. Жителите можат да го користат за дневни и вечерни прошетки, за одмор и разговор со пријателите и соседите. Во него сега можат да уживаат и родителите со децата, бабите и дедовците со своите внуци.