Вода се троши и кога треба и кога не треба Фото: Игор Бансколиев

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

– Врз основа на податоците и најавениот топлотен бран од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија во наредните неколку дена, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Ги замолуваме сите граѓани до следното известување да ги следат препораките од надлежните за заштита од високите температури – се вели во апелот на претпријатието.