ЈП Водовод и канализација – Скопје, во насока на подобрување на работните процеси и исполнување на потребите на граѓаните на градот Скопје, изврши набавка на четири средни возила со кипер сандак и нето носивост од 1.000 килограми, со двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени.  Со реализацијата на оваа набавка, претпријатието го обнови возниот парк со четири средни товарни возила, чија просечна старост на најстарата група возила од овој тип изнесува 25 години.

– Со реализација на оваа инвестиција се придонесе за зголемување на мобилноста
на вработените во сектор Канализација, каде во изминатиот период, за пристапност
до тешко достапни локации се набавени четири нови средно товарни возила и две
приколки со високо-потисна пумпа за отпушување на канализационите мрежи –
изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено продолжува со инвестициите за
унапредување и подобрување на работните процеси.