ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на линкот корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска сметка.

„Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата сметка електронски, следете ги упатствата на линкот и пополнете го формуларот за е-сметка и скениран доставете го на „[email protected]“ или во приемните канцеларии на Сектор за наплата при ЈП Водовод и канализација – Скопје“, соопштија од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.