Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

– Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од градот. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба, заради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа – соопштија од „Водовод“.

Затоа „Водовод“ врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуаат високи температури во наредиот период, уште еднаш апелира до жителите на градот Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.