Владата донесе одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од петта категорија.

„Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа“, се наведува во владиното соопштение.

Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на „лек специјалис“ за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно.