Водата од два бунара во село Горно Нерези е небезбедна за пиење поради зголемен број бактерии, соопшти Центарот за управување со кризи.

– Од Центарот за јавно здравје – Скопје известуваат дека водата за пиење од дупчен бунар бр. 1 и дупчен бунар бр. 2 во село Горно Нерези не одговараат за пиење поради зголемен број аеробни бактерии – стои во соопштението.

Исто така, од ЦЈЗ Скопје известуваат дека примерокот на вода за пиење земен од новиот дупчен бунар од аеродромот „Апостол Павле“ – Охрид со сурова нехлорирана вода не одговара на Правилникот за исправност на водата поради зголемена содржина железо и манган. Поради тоа, се препорачува прочистување и хлорирање.