Делегација на Владата денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот 8 Декември.

Делегацијата беше предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, придружуван од министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тие му оддадоча почит на Свети Климент, како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“.