Фото: Игор Бансколиев

Владата на Република Македонија ја усвои информацијата за потребата од наоѓање решение за стопанисување и управување со комплексот „Македонско село“ во Нерези. Донесена е одлука за формирање работна група што ќе треба прво да ги разгледа сите аспекти, да ја анализира новонастанатата фактичка состојба и да предложи постапка со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот „Македонско село“, откако Владимир Тодоровиќ се откажа од стопанисувањето со него.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вчера нѐ информира дека сѐ уште постапката не е во фаза на објавување имиња на нови заинтересирани за стопанисување со комплексот „Македонско село“.