Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 18.05.2019 (авионско) и 19.05.2019 (терестрично), односно:

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.