Уште една ларвицидна дезинсекција ќе се изврши денеска и в понеделник. Од градот Скопје велат дека авионската дезинсекција против ларвите од комарци ќе се реализира денеска во раните утрински часови, додека, пак, терестричната дезинсекција или уништувањето на ларвите со прскање од земја е планирано в понеделник, 16 јули, во текот на денот.
Од градот и овој пат напоменуваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тогаш таа ќе се реализира првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови во истиот термин. Од градот Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.