Фото: Маја Јаневска-Илиева

Градот Скопје ги информира граѓаните дека викендов, 14 и 15 август, во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци.

Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16 август, понеделник, до 20 август, петок, во периодот од 22 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.