Скопјанец би каснат од куче додека возел велосипед на плоштадот во главниот град. Како што информира МВР, синоќа во 20 часот во Полициската станица Центар Н.С.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот додека возел велосипед, на плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.