Бит-пазар утрово осамна без дивите продавачи. Под надзор на полицијата се уште се средуваат тротоарите кои беа запоседнати со тезги. Граѓаните се надеваат дека јавниот простор, узурпиран од дивите продавачи, конечно ќе стане достапен.

Општина Чаир и Град Скопје вчера во меѓусебна координација започнаа со дислокација на трговците што се занимаваат со продажба на цвеќиња по должината на булеварот Крсте Мисирков. Продавачите се дисплоцирани зад Поликлиниката „Бит-пазар“, каде што никна нов цветен пазар, со цел, како што соопшти Општината, да се иницира решение за хаосот што се предизвикува на булеварот и справување со ситуацијата со јавните површини во општината.