Од 17 до 24 мај, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува пролетната
Европска недела на тестирање, кон која се приклучува и здружението ХЕРА –
Асоцијација за здравствена едукација и истражување, за и кај нас да се зголеми бројот на луѓе кои се тестираат за ХИВ и за другите сексуално преносливи инфекции, како дел од грижата за сопственото здравје.

-Од околу 400 лица со ХИВ, колку што се проценува дека денес живеат во нашата земја, речиси половината не го знаат својот ХИВ-позитивен статус. Mинатата година, пак, над половина од луѓето со ХИВ биле дијагностициранидоцна, со што се одложува
навременото започнување со терапија за ХИВ- информираат од Хера.

Со навременото тестирање и редовното земање на терапијата, луѓето со ХИВ не само што можат да живеат квалитетно и долго, туку и се спречува преносот на вирусот бидејќи неговото присуство во крвта толку многу се намалува што не може да сепренесе по сексуален пат дури и кога не се користи заштита (т.е. кондом).

Граѓаните можат бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и за други сексуално
преносливи инфекции во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам“ на Водно. 

Повеќе информации за ХИВ и за најблиските локации каде што може да се направи
ХИВ-тест се достапни и преку мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, која
може бесплатно да се преземе на Гугл плеј.