Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.

Од 30.4. (петок) до 3.5. (понеделник) граѓаните ќе може да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Редовната наплата за паркирање ќе продолжи на 4.5. (вторник) со вообичаено работно време.