Фото: Игор Бансколиев

По одлуката на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и  деловен простор од значење за Републиката (АДСДП), паркингот „Центар“ кај хотелот „Холидеј ин“ да претане со работа, денеска паркирањето на овој паркинг е бесплатно.

Фото: Игор Бансколиев

Додека да се расчисти новонастанатата состојба со враќање на најголем дел од просторот на повеќе сопственици и продажба на приватен инвеститор, граѓаните ја користат можноста за слободен паркинг, заобиколувајќи ги катните гаражи.

Фото: Игор Бансколиев

На паркингот во моментов не може да се најде слободно место поради огромната гужва од автомобили.