Фото: Маја Јаневска-Илиева

Отворените паркинзи на ПОЦ денеска ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 1 јануари, среда, ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 2 јануари, четврток, со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник) и 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари со вообичаено работно време.