Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром.

Како што соопшти РЦУК Скопје, утре од 5:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани и Викенд населбата Веле Поле во општините Сарај и Ѓорче Петров.

Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. „Кичевска“ од бр. 18 до бр. 22 во општина Ѓорче Петров, а од 10:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Ѓорѓи Капчев“ подулица бр:35 во општина Аеродром.