Дел од општините Кисела Вода, Сопиште, Чучер Сандево и Аеродром утре во одреден период од денот ќе немаат струја. 

Како што соопшти РЦУК, од осум до 10 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „29“ во Сопиште, од 8:30 до 11:00 дел од корисниците од улиците „Виктор Ивановиќ – Григоровиќ“, „Кочанска“ и „Полог“ во општина Кисела Вода, од 8:30 до 11:30 корисниците од улиците „Драга Стојанова“ и „Дренак“ во Кисела Вода, од 9:00 до 15:00 дел од корисниците од улицата „Призренска 2“ во местото викано Куќине, Горни и Долни Ливади, Чешма и Џајкова Рупа во Чучер Сандево, додека од 10:00 до 15:00 корисниците од улиците „Михаил Глинка“ од бр.1 до бр.9 во Аеродром.