Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Скопје, утре без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите во општина Гази Баба и Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Боривое Милошевски“, ул.„Вера Радосављевиќ“ во општина Гази Баба и од 09:00 до 13:30 часот корисниците од ул. „14 Декември“ бр. 1 и 3, ООУ „Круме Кепески“ и останатите локали во кругот на ООУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.