Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе немаат корисници од делови од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ во општина Ѓорче Петров, соопшти Регионалениот центар за управување со кризи по известување од „ЕВН Македонија“.

Во општина Ѓорче Петров утре од 8.30 до 11 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од Караула „Чашка“, Геолошки силекс и село Грачани, викенд-населбата Веле Поле и село Кучково.

Од 11:30 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Љубин и Водовод во село Кондово во општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците од село Батинци – улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.