Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја во периодот од 08:30 до 10:30 часот ќе биде дел од улицата „Исаија Мажовски“ околу број 15 во општина Карпош, а од 9 до 16 часот селото Добри Дол, односно од улицата кон гробиштата и стариот пат кон селото Долно Соње.

Во периодот од 06 до 09 часот без електрична енергија ќе биде дел од селото Јурумлери, Трубарево, Хиподром, Ергеле, населата Скопско Поле, фирмите ОТЕ Космофон, Репетитор МРТВ, Ел Астека, Караорман, ТЕЦ, Фершпед, Сковин, Газела, МЗТ Пумпи, Маџари, ул.516, Комуна, Кванташки Пазар, Лук Оил, нас.Автокоманда, Мак Петрол Маџари, дел од населбата Сингелиќ, како и фирмите РИО Кафе, Дени Шпед и Сара Фешн во општина Илинден.