Без струја утре ќе бидат делови од скопските општини Карпош, Чучер Сандево, Кисела Вода и Сарај.

Во периодот од 09:00 до 15 часот корисниците од зграда бр. 5 на ул. Шекспирова во општина Карпош, од 12:00 до 14:00 часоткорисниците од место викано Чардак и дел од село Бразда во општина Чучер Сандево и во периодот од 08:30 до 16:30 часот корисниците од дел од ул. Христо Татарчев околу новиот кружен тек на последната постојка на автобусот 24, во општина Кисела Вода.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 05:00 часот до 10:30 часот ќе имаат корисниците од дел од село Шишево во реонот на викендиците во општина Сарај, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од село Шишево – од селото до мостот во истата општина.