Во Општина Центар утре од осум до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Јордан Хаџи Костатинов-Џинот, од 8.30 до 9.30 часот, од станбениот комплекс „Парк Резиденс“, во градски парк, а од 12 до 14.30 часот корисниците од ул. „Ристо Шишков“ бр.31, информира Регионалниот центар за управување со кризи според известување од ЕВН Македонија.

Оттаму соопштуваат дека утре од 8.30 до 14.30 часот ќе немаат струја и корисниците од ул.„Томе Арсовски“, делот зад Кинеската амбасада во општина Кисел Вода, од девет до 11 часот од село Волково ул. „95“ и улиците од соседството во општина Ѓорче Петров, од девет до 13 часот корисниците од село Јурумлери ул. 10 во општина Гази Баба, а од девет до 15 часот корисниците од село Батинци улиците: 1, 4 и 6 во општина Студеничани.

Прекин во снабдувањето со струја утре од девет до 12 часот ќе има и за корисниците од селата: Патишка Река, Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Јаболци, Нова Брезница, Ловиштето „Јасен“, и ХПП Хидро во село Патишка Река, во општина Сопиште, од 10 до 12 часот корисниците од селата: Мирковци, Љубанци, Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Брест и Танушевци во општина Чучер Сандево, а од 11 до 14.30 часот корисниците од ул. „Варшавска“ бр.38 и соседните броеви во општина Карпош.