Без напојување со електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров, информира РЦУК по известување од ЕВН Македонија.

Во периодот од 05.30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Ракотинци и Горно Соње, дел од корисниците од село Долно Соње, објектите на војската во Сопиште, како и дел од корисниците од општината Сопиште.

Oд 9 до 12 часот, пак, без струја ќе бидат објектите лоцирани на ул.„95“ во населбата Волково, а од 9 до 15 часот, дел од корисниците од село Кучково во општината Ѓорче Петров.