Без струја утре во одредени делови од денот ќе останат корисниците од општините Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода.

РЦУК по известување од ЕВН Македонија информира дека во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.„Борка Талески“ во општина Карпош и корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во с. Батинци во општина Студеничани.

Без струја Од 08:30 до 10 часот ќе бидат корисниците од ЕКО КЛУБ во кругот на МЗТ, дел од МЗТ (Заеднички служби), фирмата „Ариље Метал“ во близина на трафостаницата МЗТ и потрошувачите во близина на трафостаницата во општина Гази Баба, а од 8 до 13 часот корисниците од ул.„Благоја Гојан“ броевите 4А, 4Б, 14, 16, 18 и 20 во општина Кисела Вода.