Без електрична енергија денеска од 8 до 16 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „23 Октомври“, дел од ул. „Милан Зечар“, како и дел од ул.„Руди Чаевац“ во близина на црквата „Св.Илија“ во општина Аеродром.

РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД информира дека прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа.