Утре од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат потрошувачите од селата кои гравитираат кон планината Китка: Алдинци, Драчевица, Цветово, Мала Река, Долно и Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода и Палиград, како и Преслап Китка и планинарски дом Караџица, па сѐ до Солунска Глава (општина Студеничани).

Како што информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре од девет до 15 часот струја ќе нема струја и во делови на Батинци – улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, исто така во општина Студеничани, од 09:30 до 14:30 часот дел од село Бродец – кај викендичките во општина Чучер Сандево) и дел од селата Семиниште и Чајлане во општина Сарај, а од 10 до 13 часот 13 потрошувачите од селата Ласкарци, Раовиќ и Паничари и дел од село Буковиќ во општина Сарај.