Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе улици на Скопје.

Од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.Лазар Личеновски, поточно Спортската Сала – Кале и сите објекти во околината, од 08:00 до 16:00 часот корисниците од дел од ул. Петар Ацев зграда бр. 21, во Општина Аеродром, додека од 08:25 до 11:30 часот корисниците од улиците Архиепископ Доситеј, Ресенска, Павле Илиќ, Вуковарска, Жикица Јовановиќ Шпанац и Ѓорѓија Томовски, во општина Чаир.

Од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Димитар Пандилов, Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот корисниците од ул. Дебарца од бр.1 до бр. 12, ул. Коста Кирков бр. 3 и бр. 5, Евангелско – Методистичка Црква и ул. Никола Тримпаре од бр. 11 до бр. 20 во Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Аврам Писевски, Бајрам Шабани, Архимедова, Вергино и Ордан Чопела одОпштина Чаир.

Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Моране, Општина Студеничани и од 12:30 до 15:30 часот корисниците од улиците: Дижонска, Ѓорѓија Томовски, Архиепископ Доситеј, Браќа Реџепагиќ и Божин Стизов, општина Чаир и од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Горно Соње ул. 1, во Општина Сопиште.