Корисниците од село Бардовци во општина Карпош во вторник од 8.30 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. бр. 1 во село Горно Соње, општина Сопиште, од 9 до 13 часот корисниците од ул. „Венијамин Мачуковски“ бр. 34 во општина Аеродром и од 14.30 до 16.30 часот – корисниците од ул. бр. 27 во село Сопиште во општина Сопиште.