Без електрична енергија утре во одредени периоди од денот ќе останат делови од општините Карпош, Аеродром, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД информира дека во периодот од 8 до 9 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр. 102 во општина Карпош, во периодот од 08:30 до 09:30 часот дел од корисниците на бул. АСНОМ бр.30 вл.1. во општина Аеродром, а во во периодот од 9 до 14 часот корисниците на дел од селата: Бразда, Горно Оризари, Глуво, Голиево, Чардак, Мирковци во општините Чучер Сандево и Шуто Оризари.