Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Скопје.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград и населба Мала Река, во Општина Студеничани.