Без вода утре од девет часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „ Партизански одреди“ бр. 36 и од улицата „Црвена вода“. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради изведување приклучок на водоводна мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 36. 

Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ пред маркетот „Рептил“, без вода или со намален притисок на водата од девет часот  ќе останат корисниците од населбите Аеродром и Лисиче. 

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.