Традиционално во главниот град и оваа година ќе се одржи фестивалот на улични изведувачи „Баскерфест“. Од 12 до 17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но и во други градови, посетителите ќе имаат можност да видат најразлични содржини и да се забавуваат на најразлични начини. На програмата на годинашното издание на фестивалот ќе може да се присуствува на точките на врвни жонглери, циркуси, акробати, кловнови и многу други забавни содржини.

За најмладите, ќе биде организирана детска едукативна работилница, како и катче во кое каде што преку забава ќе се едуцираат за милениците и ќе собираат донации за бездомни животни. Дополнително во програмата, на плоштадот „Македонија“ ќе има и базар на ракотворби, а првпат е организиран и дел од фестивалот за луѓето што се креативни да можат да создаваат и да креираат уметност од обични предмети. Исто така, на „Баскерфест“ оваа година ќе има и тунел на стравот, ѕид за гуми за качување, кафез со балони и други можности преку кои публиката ќе може интерактивно да учествува во настанот.
Како дел од програмата ќе биде поставен и спортски агол, односно место со игри од натпреварувачки карактер, како и голем број музички настапи на одлични бендови од сите страни на светот. Целосниот настан ќе биде исполнет со артисти и изведувачи од целиот свет. С.Р.