Здружението „Храна за сите – Банка за храна Македонија“ и партнерите ЦБФ Македонија, членки на ВСС Ефект Коалицијата и волонтери од бројни организации, решија на симболичен начин да дадат свој придонес и да укажат на огромниот проблем од загубите и отпадот во храна, наспроти големата немерлива сиромаштија и глад кои ги имаме во нашето општество, по повод 29 септември, кој е прогласен за Меѓународен ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна, од страна на Обединетите нации. Здружението планира да се справи со овој проблем преку акцијата што ќе ја одржи утре пред влезот на депонијата „Дрисла“ (од 11 часот).

Планираната акција е во рамки на одбележување на Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна, во рамки на Глобалната акција на ФАО и Европската Федерација на Банки за храна – ФЕБА ширум Светот и Европа.

– Целта на овој настан е да ги „запреме“ сите кои имаат намера да фрлат храна на депониите и ѓубриштата во нашето општество. Нé секоја храна која завршува на депониите, местото и е на тие места, има храна која може да се консумира од нас луѓето, затоа сме решени да го „сопреме тој егзодус на храна“, кој е производ на нашето несоодветно однесување и постапување со истата. Затоа решивме да застанеме пред депонијата „Дрисла“ во село Батинци и да ги проверуваме сите „намерници“ кои имаат намера да фрлат храна! Нашето мото е „да ги храниме економиите, а не депониите! – наведуваат организаторите.