Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по наводите изнесени во текстот „Никој не го контролира чипирањето на кучињата“ објавен во завчерашното издание на дневниот весник „Нова Македонија“ информира дека во нејзината евиденција досега има 15.000 миленици. Од агенцијата додаваат дека во тек е акција за бесплатно микрочипирање на 100 илјади миленици, која Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на овој месец ја спроведува во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија, во иднина ќе ја олесни контролата и ќе го заокружи концептот на одговорното сопствеништво.