Вицепремиерот Артан Груби синоќа учествуваше во чистењето на исламските објекти во Старата скопска чаршија.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.

Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.