Акција за собирање кабаст отпад започнува од утре па во следните 20 дена во Општина Кисела Вода.

Преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа ќе бидат ангажирани сезонски работници кои ќе работат на покревање на отпадот од поединечните месни и урбани заедници.

Од општината информираат дека секоја седмица ќе бидат опфатени по шест месни и урбани заедници.

Утре кабаст отпад ќе се собира во Пржино и Црниче, во четврток, во Цветан Димов и Бирарија, додека во петок на 11 мај во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители кабастиот отпад да го изложат во период од 07:00 до 11:00 часот на наведените датуми, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што кабастиот отпад нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода