Општина Аеродром започна со реализација на пролетната акција за санација на детските и спортските игралишта, како и на урбана опрема на својата територија. Наредните денови ќе бидат посетени сите игралишта, според претходно утврден план и динамика. Одржувањето на детските игралишта ќе почне од населбата Мичурин, додека, пак, санацијата на спортските терени ќе почне од населбата Ново Лисиче.

Како што информираат од општината, најпрвин ќе се поставува урбана опрема во населбата 13 Ноември, а потоа ќе се продолжи и во другите планирани делови.
Општината Аеродром за оваа намена од буџетот издвои 4 милиони и 800 илјади денари. Х.Ј.