Општината Аеродром реализира есенска акција во која се чистат улиците во сите населби на целата општинска територија. Изминативе денови рачно и машински се чистеше на улицата Ѓорги Капчев, како и на сервисните улици во Стар Аеродром, Реонски центар и Мичурин. Општинските комунални служби континуирано работат на расчистување на локалните улици од отпад, а внимание посветуваат и на кастрење на гранките на дрвјата. Од општината Аеродром информираат дека за да се отстрани насобраната прашина и да се обезбеди почиста и поздрава животна околина, се врши и миење на улиците на повеќе општински локации.

– Оваа динамика ќе продолжи и понатаму, а на располагање е целата механизација за чистење. Наша одговорност е да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на општината Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина – велат од општината Аеродром.