Општината Аеродром го одбележа Денот на европската соработка преку организирани настани и во соработка со Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање. На учениците од училиштата во општината им овозможи да дознаат нешто повеќе за мерењето на квалитетот на воздухот и за производството на чаеви.

На петтоодделенци од училиштето „Александар Македонски“ им беше овозможено да ја посетат станицата за мониторинг на квалитетот на воздухот во населбата Лисиче. Тие таму се информираа на кој начин се мерат загадувачките супстанции и како овие податоци се пренесуваат во центрите задолжени за нивна обработка. Додека, пак, ученици од „Блаже Конески“ имаа можност да посетат погон на фабрика, каде што можеа да го видат процесот за производство на чаеви, но и историјатот на бар-кодовите.

Одбележувањето на Денот на европската соработка се организира седма година по ред во цела Европа, во координација на Европската комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент. Целта на оваа кампања е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавноста.